Уапсен капетанот на превртениот јужнокорејски траект!

Јужнокорејската полиција доцна синоќа го уапси капетанот на траектот, што во средата се преврти на 25 километри од југозападниот брег на Јужна Кореја, при што загинаа најмалку 29 лица, а 273 и натаму се водат како исчезнати.Апсењето уследи откако јужнокорејското Јавно обвинителство вчера побара издавање судски налог за апсење на капетанот Ли Џонг-сок и на уште двајца други членови на екипажот на траектот.
Обвинителството соопшти дека ја испитува претпоставката оти до трагедијата дошло кога траектот нагло завртел, при што бродот се навалил повеќе од дозволеното и се превртил. Покрај ова, се испитува и дали постапката за евакуација на патниците била спроведена навремено и согласно правилата, како и тврдењата на некои патници дека 69-годишниот капетан Ли меѓу првите го напуштил фериботот.

Спасувачките екипи, кои досега открија 29 удавени патници на бродот, соопштија дека забележале уште три тела во една патничка кабина, нагласувајќи дека сепак не се во можност да дојдат до нив.
Според официјалните податоци, од траектот спасени се 174 лица.
Поголемиот дел од 476-те патници и членови на екипажот, кои се наоѓале на траектот во време на несреќата, биле средношколци.Апсењето уследи откако јужнокорејското Јавно обвинителство вчера побара издавање судски налог за апсење на капетанот Ли Џонг-сок и на уште двајца д

Пронајдете не на следниве мрежи: