Уапсен кралот на кокаинот во Јужна Америка

Еден од најголемите јужноамерикански кралеви на кокаинот Луиш Карлос да Роша, познат како „Белата глава“,  кој бегаше од полицијата цели 30 години и дури направи пластични операции за промена на лицето, уапсен е во бразилската држава Мато Гросо, соопшти бразилската полиција.
Да Роша е уапсен во акцијата под името Спектрум во градот Сорисо што на португалски значи насмевка, с енаведува со полициското соопштение.
Да Роша си го смени името и личниот опис за да и избега на полицијата и продолжи да се занимава со трговија со дрога.
Како што се наведува, во полициската акција уапсен е човек кој важел за десна рака на да Роша, а во текот на операцијата во која учествувале 150 агенти запалени се луксузни автомобили, авиони, фарми и друг имот вреден 10 милиони долари.
Да Роша е обвинет дека развил голема мрежа која опфаќа производство на кокаин во џунглите на Боливија, Колумбија и Перу, а која ја дистрибуирала дрогата во Јужна Америка, САД и Европа.
Обвинет е и дека е еден од главните добавувачи кои владеат во големите подрачја на Сао Паоло и Рио де Жанеиро, и дека на основа на тоа стекнал околу 100 милиони долари лично богатство.
 Еден од најголемите јужноамерикански кралеви на кокаинот Луиш Карлос да Роша, познат како „Белата глава“,  кој бегаше од полицијат

Пронајдете не на следниве мрежи: