Монструозниот чин се случи во четвртокот навечер во Хјустон, Тексас, каде 62-годишниот Рејмонд Џексон наоружан со палка за бејзбол и мачета брутално го обезглавил 58-годишниот Енатолија Корсенд во продавницата за авто делови на која убиениот бил сопственик.„Го видов телото во локва крв и почнав да се тресам“, раскажува вработениот кој го нашол телото. Тој се уште е во шок и сака да остане анонимен.
Според судскиот извештај, Џексон со бејзбол палка го претепал Корсанд, познат на блиските како Енди, и потоа со мачета го обезглавил и ја ставил главата во пластична ќеса до телото. Џексон си отишол носејќи торба. Тој подоцна е уапсен во својот дом, што детално е претресен.
Инаку, Џексон има и сериозно полициско досие: Во 2008 година, тој бил обвинет за напад на член на семејството. Во петокот, обвинет е за убиство на човекот кој му помогна.
„Енди му даде работа. Му стави леб на маса, а тој го уби“, вели Кони Кастило, долгогодишен пријател на Енди. „Тој беше татко и сопруг“, вели таа.
„Енди ми беше дел од семејството. Моите деца го знаат откако се родени. Секогаш беше тука за мене“, додава Кастило низ солзи.
Соседите на Џексон изјавија за меиуите дека често го гледале низ населбата како вози велосипед и „се однесува чудно“.
Џексон е во затвор. Мотивот за убиството се уште не е познат.„Го видов телото во локва крв и почнав да се тресам“, раскажува вработениот кој го нашол телото. Тој се уште е во шок и сака да остане