Како што пренесува екипата на Пресс24 утринава пред Скопскиот Кривичен Суд со лисици беше изведен Паско Кузман.
Од МВР е само потврдено дека Кузман бил уапсен утринава но повеќе детали најавувааат за подоцна во текот на денот.
Според извори од истрагата, Паско Кузман е приведен во врска со акцијата Фаланга 2 во која претходно паднаа 19 лица меѓу кои и вработени во Управата за заштита на културното наследство, Музејот на Македонија и Музејот во Демир Капија како и полициски службеник од Велес.
Групата од археолошки локалитети на територијата на Демир Капија, Свети Николе, Кавадарци и Скопје вршела илегални ископувања на предмети со културна и археолошка вредност, истите ги продавала во Р.Македонија и странство, а исто така се терети и за продажба на икони за кои постојат сомненија дека потекнуваат од црковни објекти и се од непроценлива вредност за културното наследство на Македонија.
Извор: Пресс24Како што пренесува екипата на Пресс24 утринава пред Скопскиот Кривичен Суд со лисици беше изведен Паско Кузман.
Од МВР е само потврдено дек