Групата наводно требало на 10 Април да почне да создава паника помеѓу локалното население.Ова е само уште едно во низата случувања поврзани со кризата во Украина. Украинската полиција уапсила група од 15 лица во регионот Лугањск во источниот дел на земјата, близу границата со Русија.
При апсњето, полицијата исто така запленила и околу 300 автоматски пуки, фрлачна противтенковски гранати, голем број бомби и молотови коктели.
Ова следи по бурните економско-политички случувања помеѓу Украина и Русија, откако Русија побара од Украина да и врати 11,4 милијарди долари кои наводно Украина ги должи затоа што во последните четири години добивала попуст во цената за гас од Русија.
Украина категорично одби да и плати на Русија и ја обвини за „економска агресија“. На ова Украинските власти предупредија дека во одредени делови од земјата може да настане и крадење на гасот наменет за Европа.
Украина моментално е во преговори за увоз на гас од централна и западна Европа. Претставничката за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Кетрин Ештон повика на смирување на страстите и изјави дека ЕУ и натаму ќе разговара со Русија со цел да се смири ситуацијата, додека пак германската канцеларка Ангела Меркел предупреди на нови санкции од западниот блок доколку Русија продолжи со политичко-економската агресија над Украина.Ова е само уште едно во низата случувања поврзани со кризата во Украина. Украинската полиција уапсила група од 15 лица во регионот Лугањск во источ