Уапсени двајца новинари поради смртта на девет медицински сестри во Нигерија

Двајца нигериски новинари се уапсени поради убиство на девет медицински сестри кои ја спроведувале вакцинацијата против детска парализа во северната покраина Кано.Новинарите не го извршиле директно убиството, но во програмата емитувана два дена пред убиството ширеле недоверба кон вакцините и ја поттикнале јавноста да ја одбие вакцинацијата.Детската парализа во Нигерија е се уште ендемична и таму има повеќе од половина од вкупно заболените во светот. Исламистите се противат на вакцинацијата бидејќи, како што тврдат предизвикува неплодност кај жените.Во популарната емисија Сандар Грима, на тамошната радио станица Вазобија, известувачот и спикерот зборувале за татко кого, наводно, го присилиле локалните функционери да ги вакцинира своите деца.Триесет минути подоцна нападната е амбулантата во близина на градот Кано, каде вооружени лица го убиле медицинскиот персонал кои се подготвувале да почнат со вакцинација.Одговорност за ова убиство досега не презел никој, иако се осомничени милитанти на исламистичката организација Боко Харам.Некои муслимански лидери во северна Нигерија веруваат дека вакцинацијата против детската парализа предизвикува неплодност кај жените и тврдат дека станува збор за заговор на Западот со цел да се намали бројот на муслиманското население.Ваквиот отпор претставува главна причина поради која Нигерија е една од само три земји во светот каде детската парализа, односно полиомиелитис, се уште е ендемска болест.Според соопштението на Глобалната иницијатива за искоренување на полимиелитисот, минатата година се забележани 121 случај на детска парализа во Нигерија, 58 случаи во Пакистан и 37 во Авганистан.
МакфаксДвајца нигериски новинари се уапсени поради убиство на д

Пронајдете не на следниве мрежи: