Мирко Цетински, некогаш познат пејач, како и неговата сопруга се уапсени, пренесува јавниот телевизиски сервис на Хрватска.Регионалните медиуми денеска на големо известуваат за ова апсење, а тие велат дека Мирко и Винка Цетински се уапсени поради сомнеж за лажирање на даночни пријави.
Покрај семејството Цетински, уапсени се и двајца јавни службеници, кои им помагале во извршување на криминалното дело.
Брачната двојка Цетински повторно се најде на удир на инспекторите поради сомнеж дека со помош на двајца службеници од даночната управа во Ријека се обиделе да лажираат даночни пријави.
Случајот е во надлежност на полицијата, а сите четворица осомничени ќе бидат испрашувани во одделот надлежен за организиран криминал и корупција.
За оваа афера се зборува од 2011 година, а постои сомнеж дека го оштетиле познатиот хрватски бизнисмен Данко Кончар и дека токму за оваа измама и се уапсени.
Нивниот познат син Тони се огласил преку Фејсбук преку кој апелира на невиноста на неговите родители.
Регионалните медиуми денеска на големо известуваат за ова апсење, а тие велат дека Мирко и Винка Цетински се уапсени поради сомнеж за лажирање на д



