Министерството за внатрешни работи по спроведена сеопфатна истрага поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција против С.Р.(26), Б.С.(32), Б.Г.(23), Е.У.(36), Ф.И.(31) сите од Скопје, М.М.(38) од Тетово и С.И.(27) од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело учество во „терористичка организација“, односно припадник или тој што помага на било кој начин по член 394-а став 2 од Кривичниот законик на Република Македонија.По спроведените претреси на дом и други простории, по наредба од Основен Суд Скопје 1 Скопје, на седум локации од кои шест во Скопје и една во Тетово, пронајдени и обезбедени се четири од кривично пријавените лица односно Б.Г., Ф.И., Е.У. и М.М., за две лица од кривично пријавените постојат оперативни сознанија дека сѐ уште се наоѓаат на територија на Сирија, а едно лице Б.С. е во бегство и сѐ уште е недостапен за органите на прогонот.
-Исто така при претресите кои беа извршени од вчера вечерта до изутринава беа пронајдени и со потврда одземени следните предмети: пет десктоп компјутери, два лап топ компјутери, 19 мобилни телефони, девет СИМ картички, држач за СИМ картици, девет УСБ стикови, 50 ЦД-ња, мемориски картици, заштитна маска, три патни исправи, маица со натпис на арапски јазик „Исламска Држава е Вечна“ и други документи кои ќе бидат предмет на дополнително вештачење, велат од МВР.
Од страна на Јавното обвинителство за четирите лица кои беа обезбедени доставен е предлог за определување на мерка притвор во траење од 30 дена.
Видео: Македонска полицијаПо спроведените претреси на дом и други простории, по наредба од Основен Суд Скопје 1 Скопје, на седум локации од кои шест во Скопје и една во Тето