Поради постоење основи на сомнение за сторени четири казнени дела „тешка кражба“, канцеларијата за криминалистички работи од Струга, поднесе кривична пријава против Џ.И. (22) од гостиварското село Дебреше.Пријавениот, како што соопшти СВР Охрид, тешките кражби ги сторил на втори минатиот месец, најнапред од канцеларија на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство-подрачна единица Струга, а потоа и во неколку продавници на улицата „Маршал Тито“, како и во канцеларијата на една автошкола на улицата „Ристо Крле“ во Струга.
Кривичните дела, како што појасни портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, Џ.И. ги вршел со употреба на подесен предмет со кој насилно ги отворал влезните врати од објектите по што, вршел пребарување и одзел мобилни телефони, пари и резервни клучеви од возило марка „Даеву Матиз“, кое го користел за свои потреби.
На 17-ти минатиот месец, пријавениот, истакна Димоски, една тешка кражба сторил заедно со А.М. (20) од истото село. Со употреба на подесен алат, двајцата ја оштетиле бравата од влезна врата на маркет лоциран на улицата „ЈНА“ во Струга, од каде противправно одзеле метална каса со пари.
– Во периодот од 2009 до 2016 година, пријавениот Џ.И. на подрачјето на СВР Охрид кривично е пријавен за сторени 104 кривични дела и тоа 38 на подрачјето на полициската станица Охрид, 30 на подрачјето на Струга и 36 на подрачјето на Кичево. Само во текот на 2016 година, против него поднесени се четири кривични пријави за сторени осум дела од кои шест „тешка кражба“ и две „одземање на моторно возило“, изјави Димоски.
Во истиот период, додаде тој, пријавениот Џ.И. кривичните дела ги вршел со употреба на подесен алат и насилно провалување во продавници, куќи, месарници, туристички агенции, аптеки, бутици, патнички автомобили, од каде противправно одзема пари и други предмети.
– На тој начин, се стекнал со противправна имотна корист од околу 600.000 денари. Најголем број од делата ги вршал сам, неколку со неговиот брат близнак, но и со други лица, истакна Димоски.
Пријавениот извршил повеќе кражби во Охрид, откако на 1 јули годинава излегол од затвор.Пријавениот, како што соопшти СВР Охрид, тешките кражби ги сторил на втори минатиот месец, најнапред од канцеларија на Министерство за земјоделство