Британската полиција уапси во источниот дел на Лондон уште едно осомничено лице во рамки на истрагата за терористичкиот напад во центарот на британскиот главен град на 3 јуни, соопшти Скотланд Јард.Еден 27-годишен маж е уапсен во неговиот дом во Илфорд. Моментно во притвор се наоѓаат уште пет лица, а други 12 се ослободени без да биде покренато обвинение против нив.
Нападот на Лондонскиот мост можел да биде многу посмртоносен, открива полицијата, која денеска соопшти детали од истрагата.
– Напаѓачите планирале да употребат поголем камион во нападот, кој би прегазил повеќе луѓе, истакна Дин Хејдн, шеф на антитерористичкиот оддел на лондонската полиција.
Еден од извршителите, Хурам Бут, првично се обидел да најми 7,5-тонски камион, сличен на оној што беше употребен при нападот во Ница минатата година, при што загинаа 86 луѓе, а стотици беа повредени. Откако исплатата на возилото била отфрлена, Бут и неговите двајца соучесници обезбедиле помал минобус.Еден 27-годишен маж е уапсен во неговиот дом во Илфорд. Моментно во притвор се наоѓаат уште пет лица, а други 12 се ослободени без да биде покренат