Убаво, вкусно и декоративно пециво, со кое ќе ги израдувате вашите најмили!

Убаво, вкусно и декоративно пециво, со кое ќе ги израдувате вашите најмили!Состојки:
600 гр брашно
30 гр квасец
1 лажица шеќер
2 лажици сол
Околу 350 мл вода
50 гр путер за премачкување
Подготовка:
Квасецот и шеќерот прелијте ги со топла вода и оставете така да стојат околу 10-тина минути.
Во просеено брашно измешајте го квасецот и наведените состојки и замесете глатко тесто. Тестото покријте го и оставете да стои 45-60 минути.

Тестото тенко расукајте го, исечете кругови во размер 8-10см. Првиот круг премачкајте го со путер, преклопете со друг круг, премачкајте со путер и преклопете со последниот круг од тестото.
Со прстите спојте ги круговите и стиснете со рачката од лажица за готвење.

 

Свртете и повторете ја постапката.
Покријте ги цветчињата и оставете ги така 15 минути.
Во сад ставете вода да зоврие и во нго ставете сад со дупчиња. Наредете неколку кругчиња, поклопете и варете 15 минути.
Во недостаток на сад со дупчиња, наполнете поголем сад со вода, покријте со газа и цврсто врзете ја, па наредете ги кругчињата и поклопете. Варете 15 минути.
Цветчињата послужете ги со што сакате, по ваша желба. 

Повеќе рецепти, кулинарски трикови, совети за здрава храна и здрав начин на живот, диети и животни искуства, можете да најдете на НАЈАДИСЕ.МК како и на фан страната на Фејсбук, а може да станете и член од групата на Најадисе на Фејсбук каде може да споделите ваш омилен рецепт.Состојки:
600 гр брашно
30 гр квасец
1 лажица шеќер
2 лажици сол
Околу 350 мл вода

Пронајдете не на следниве мрежи: