Убиецот на новинарот Фоли се уште се крие под „Џихадистот Џон“

Безбедносните служби се блиску до откривањето на идентитетот на „Џихадистот Џон“, сунитскиот исламист кој учествуваше во егзекуцијата на американскиот новинар Џејмс Фоли, пишува лондонски „Дејли Меил“.Весникот се повикува на поранешни заточеници на џихадистите од Исламска држава (ИД) кои тврдат дека станува збор за „садистички фанатик“ кој раководел со група од британски муслимани кои војуваат за џихадистите. Оваа група, имала задача да ги надгледува и чува заробените странци.
„Џон“ и неговите двајца најблиски другари, познати по прекарите „Пол“ и „Ринго“ како имињата на членовите на поранешната британска поп група „Битлс“ учествувале во малтретирањето и тортурата врз западните заточеници. Тие биле жестоко претепувани и изведувани на лажни егзекуции, биле најчесто чувани во мрак и постојано префрлани од една, на друга локација, за да се открие каде се наоѓаат.
„Џихадистот Џон“ кога весникот го означува како најбараниот човек во светот, бил познат по тоа што тој комуницирал со семејствата на заробениците, што џихадистите претходно ги киднапирале во некои од гардовите и местата блиску до фронтот во Сирија, барајќи огромни откупнини, а во некои случаи дури се јавувал и преку Скајп, за да зборува со семејствата на заточениците.
МИАВесникот се повикува на поранешни заточеници на џихадистите од Исламска држава (ИД) кои тврдат дека станува збор за „садистич

Пронајдете не на следниве мрежи: