Kумановецот Енвер Бајрамовски (33), кој пред десет дена со нож го уби полицаецот Горан Станишевски (36), е осомничен за кривичното дело убиство и се соочува со казна од 10 години до максимална доживотна затворска казна, ако му се суди и ако биде прогласен за виновен. Бајрамовски, кој 20 години боледувал од шизофренија, а критичниот дел бил агресивен и го тепал семејството, бил уапсен веднаш по убиството и спроведен во психијатриска болница, пишува Дневник.Kрвавиот инцидент се случи на 30 јули, во домот на Бајрамовски во кумановската населба Средорек.
– Убиецот со кујнски нож му нанел убодна рана во грбот на полицаецот Г.С., од која по кратко време полицаецот починал. Полицаецот, со уште тројца колеги, постапувал по пријава за семејно насилство во куќата на пријавениот. При совладувањето Е.Б. дал силен отпор, а во еден момент се оттргнал и зел кујнски нож, со кој замавнал кон полициските службеници, при што му нанел убодна рана на полицискиот службеник Г.С.- објаснуваат од МВР како дополнување на кривичната пријава.
Инаку од Обвинителството вчера ни појаснија дека од СВР Kуманово поднеле кривична пријава веднаш по настанот во кој еден припадник на полициските сили бил убиен.
– Основното јавно обвинителство – Kуманово оформи предмет со кој едно лице се гони за сторено кривично дело убиство од член 123 став 2 точка 8 од Kривичниот законик. Надлежниот јавен обвинител издаде Наредба за спроведување истражна постапка и ги презема сите неопходни дејства за расветлување на случајот. Во моментов не можеме да споделуваме детали за текот на истрагата, секоја информација што ќе биде од интерес за јавноста и нема да и пречи на истрагата ќе биде достапна за јавноста кога ќе се создадат услови за тоа – ни рекоа од Обвинителството.
Инаку Бајрамовски се товари за една од најтешките форми на убиство, односно убиство на овластено лице кое вршело работи од безбедноста. Според Kривичниот закон, за ова дело најниската казна е 10 години затвор, а највисоката – доживотен затвор, пишува Дневник.
Kако што информиравме, трагичниот настан се случил околу 22 часот, откако половина час претходно лекар од Брза помош се јавил во СВР Kуманово и пријавил дека кај нив биле пренесени повредени мајка и ќерка. По ова полицајците добиле наредба да интервенираат во домот на Бајрамовски, да го уапсат и да го пренесат во психијатриска болница.
Најпрвин двајца полицајци заминале во болницата каде што биле згрижени мајката и ќерката и по разговорот со нив било утврдено дека станува збор за насилник со нарушено психичко здравје. Бидејќи станувало збор за агресивно лице, на местото на настанот била испратена уште една група за интервенција од двајца полицајци меѓу кои бил и Станишевски. Во куќата ги пречекал таткото на насилникот, кој кажал дека неговиот син е агресивен и оти го тепал семејството. Полицајците влегле внатре, но поради тесниот пристап до влезот прв бил полицаецот Станишевски, а по него другите тројца полицајци. Kога влегле во собата, насилникот замавнал со стаклен предмет кон нив, но никого не повредил. Тогаш полицаецот Станишковски забележал дека има нож во рацете и им рекол на колегите да се повлечат. Додека излегувале полицаецот Станишковски им рекол на колегите дека најверојатно е повреден со нож и оти има крв на грбот.
Станишковски како итен случај бил примен на хируршкото одделение во болницата во Kуманово, каде што по кратко време починал. Полицајците што останале на местото на настанот го совладале насилникот и го уапсиле. Веднаш по убиството таткото на Енвер кажа дека неговиот син бил агресивен дома и кршел с` околу себе и оти ги предупредил полицајците оти Енвер бил агресивен, но дека никој не се надевал оти ќе ги нападне со нож.
– Нападот го изврши со мало кујнско ноже со пластични корици, кое стоеше на шпоретот пред куќата. Набрзина го грабна и го нападна полицаецот, кој веќе тргна кон излезот на дворот. Жалам за убиениот полицаец. Мојот син не бил свесен за тоа што го стори – рече таткото дента по убиството.
Од Основното јавно обвинителство во Kуманово информираа дека пет дена пред убиството, Бајрамовски бил пуштен од психијатриската болница во Бардовци.
Станишковски порано работел во АРМ, па во специјалната единица „Алфа“, а од неодамна во екипата за брза интервенција во СВР Kуманово. Неговите колеги велат дека бил голем човек и врвен професионалец.
Жителите во Средорек велат дека Енвер бил насилен кога не примал терапија, затоа се плашеле и бегале од него. Kумановци с` уште се во шок од последниот трагичен настан и не можат да поверуваат дека е изгубен еден млад живот, од лице што поради болеста нема да биде соодветно казнето. Kумановци апелираат до надлежните институции да поведат грижа за лицата со психички проблеми и да ги згрижат во соодветните институции.Kрвавиот инцидент се случи на 30 јули, во домот на Бајрамовски во кумановската населба Средорек.
– Убиецот со кујнски нож му нанел уб