Нови детали за животот на убиецот на полицајците од Далас објавуваат медиумите. Резервистот Мика Џонсон бил перверзен, сексуално прогонувал свој колега, додека служел во армијата на САД.Џонсон застрела петмина полицајци, додека тие го обезбедува протестот против полициското насилство „Црните животи имаат исто значење” во Далас.
Во деновите по страшното злосторство стана јасно дека во 2014 година Џонсон бил вратен од Авганистан без почести од раководството на армијата на САД, бидејќи жена-војник побарала заштита од него. Друг колега откри дека убиецот „ги крадел долните гаќички на девојките”.
Џонсон бил испратен во Авганистан во ноември 2013 година. Додека бил таму, 25 годишната Ана Ма го обвинила за сексуално малтретирање. Ова го тврди воен адвокат кој го претставувал Џонсон, по неговото враќање во САД во мај 2104 година. “Тој беше несакано сексуално настроен спрема неа”, рече Брадфорд Гленденинг.
Според правни документи, Ана “побарала забрана за приближување против Џонсон за себе, семејството, домот и други места, која таа ги посетува”.
Велс Њусам, кој служел заедно со Џонсон во Авганистан, напиша на Фејсбук: “Сите знаевме дека тој е перверзен, бидејќи бил фаќан како ги краде гаќичките на девојките”.
По завршувањето на воената кариера, Џонсон работел како возач во болница. Но во меѓувреме почнал да ги мрази белите луѓе. На Фејсбук тој се дефинирал како “црн националист”.Џонсон застрела петмина полицајци, додека тие го обезбедува протестот против полициското насилство „Црните животи имаат исто значење” в