Реџеп Кељменди- Џеко, брат на нарко босот Насер Кељменди, е убиен завчера во близина на автобуската станица во Пеќ. Напаѓачите истрелале неколку куршуми од калашников додека тој влегувал во автомобил.Со оглед на тоа што недалеку од местото на ликвидацијата е пронајден запален автомобил, веројатно убиството е извршено од професионалец. Првите информации за мотивите за убиството укажуваат дека се работи за крвна одмазда. Познато е дека меѓу семејствата Кељменди и Ругова буквално беснее војна повеќе децении и во пресметките меѓу нив убиени се најмалку пет луѓе, – изјави извор близок до истрагата за српски Курир.
Реџеп до пред три дена бил во Црна Гора, а ја напуштил државата затоа што му било ускратено гостопримството, заедно со останатите членови на семејството Кељменди. Последните месеци ги минал во хотелот Каса Гранде, сопственост на неговиот брат Насер кој е во притвор во Косово и чека одлука за екстрадиција во БиХ за да му се суди за неколку убиства и трговија со дрога.
Кељменди е водач на една од најсилните албански криминални групи на Балканот, а минатата година е ставен како прв на црната листа на САД по опасност од Европа. Тој, според српската полиција е главен финансиер и организатор на трговијата со хероин од Турција и Албанија кои потоа се транспортираат во Европа.
Со оглед на тоа што недалеку од местото на ликвидацијата е пронајден запален автомобил, веројатно убиството е извршено