Во бразилскиот град Манус е убиен јагуар, кој претходно учествуваше во церемонијата на носење олимпискиот факел, соопшти бразилската армија.Женката јангуар наречена Џума, по церемонијата во понеделникот во зоолошката градина во Манаус избегала од својот тренер и се приближила до еден војник, јави Би-Би-Си.
Во животното биле истрелани четири стрелички со средство за смирување, но тоа не ја смирило Џума, па еден војник ја застрелал со пиштол.
Организаторите на Олимписките игри, кои ќе се одржат во август во Рио де Жанеиро, соопштија дека било грешка што олимпискиот факел бил изложен покрај диви животни на ланци.
Активистите за заштита на правата на животни го осудија убивањето на женката јагуар, а некои поставуваат прашања зошто животното воопшто учестувало во случувањата поврзани со Олимписките игри.
Џума пораснала во зоолошката градина во Манаус заедно со шест браќа и сестри.
Олимпискиот факел е на турнеја низ Бразил до почетокот на Олимписките игри.Женката јангуар наречена Џума, по церемонијата во понеделникот во зоолошката градина во Манаус избегала од својот тренер и се приближила до еден во