Убиен синот на поранешен челник на Хезболак!

Во израелскиот хеликоптерски напад на територијата на Сирија се убиени пет припадници на либанското шиитско движење Хезболах, меѓу кои и Џихад Мугни, синот на Имад Фејес Мугни, убиениот воен челник на движењето, потврдија извори блиски на Хезболах истакнувајќи дека овој израелски напад може да поттикне одмазда од страна на движењето кое веќе водеше војна со Израел.Израелската армија одбила за AFP да ги коментира овие информации за хеликоптерски напад на сирискиот дел од Голанската висорамнина, во близина на градот ел-Кунејтра во близина на линијата на разделување на сирискиот и на израелскиот сектор.
Неименуван извор во војската на Израел за порталот Ynet рекол дека ударот бил нанесен против „терористи кои планирале да го нападнат Израел“.
Информативната телевизија al-Manar, блиска на Хезболах, потврди дека борци на движењето се убиени во нападот кај Кунејтра.
Поранешниот лидер на специјалните единици на Хезболах, Имад Мугни, чиј син наводно е убиен во неделата, беше во врвот од списокот на израелските и американските тајни служби како баран терорист поради напади на американски и израелски цели. Тој е убиен во атентат во сириската престолнина Дамаск во 2008 година, за кој е обвинет Израел.
Израелскиот напад следеше неколку дена откако лидерот на Хезболах, Хасан Назралах, изјави дека честите израелски напади во Сирија претставуваат агресија, како и дека Сирија и нејзините сојузници би требало да одговорат на тие напади. Хезболах во Сирија се бори на страната на сирискиот претседател Башар ал-Асад, кој потекнува од алавитската (шиитска) заедница, против сунитските опозициски бунтовници поддржувани од арапските земји, Турција и Западот, и против џихадистите од Исламската држава и Фронтот ан-Нусра.Израелската армија одбила за AFP да ги коментира овие информации за хеликоптерски напад на сирискиот дел од Голанската висорамнина, во близина на г

Пронајдете не на следниве мрежи: