Убиената Драгана била во врска со 66-годишниот убиец

18- годишната средношколка Драгана Цириќ која беше пронајдена мртва синоќа, била во љубовна врска со осомничениот за нејзиното убиство 66-годишниот Чедомир Ѓуриќ.Истрагата покажала дека осомничениот Чедомир на денот кога Драгана исчезнала, дошол по неа со автомобилот и заедно заминале во непознат правец.
Наводно помеѓу нив дошло до расправија бидејќи Драгана сакала да го остави.
– Додека седеле во возилото започнале раправија, Драгана му го скршила мобилиот телефон, по што Чедомир се изнервирал и започнал брутално да ја удира. Кога ја претепал до смрт, тој го однел телото во близина на шумата, каде го фрлил во езерото, а потоа си заминал, изјавил анонимен извор за српки Курир.
Полицијата на основа на трагите започнала истрага која потврдила дека убиецот е 66-годишниот Чедомир. Тој прво негирал дека има некаква врска со убиството, но во неговиот автомобил биле пронајдени траги од коса. ДНК анализата покажала дека станува збор за косата на Драгана.
По прикажаните докази Чедомир го признал убиството, а главниот мотив бил љубомора, затоа што Драгана се гледала и со други момчиња.
Истрагата покажала и дека 18-годишната Драгна не била сексулано злоупотребена, туку дека била претепана до смрт.Истрагата покажала дека осомничениот Чедомир на денот кога Драгана исчезнала, дошол по неа со автомобилот и заедно заминале во непознат правец.

Пронајдете не на следниве мрежи: