Убиени се над 150 лица во Украина

Властите во Киев соопштија дека најмалку 150 проруски сепаратисти и двајца украински војници се убиени во тешките борби во источна Украина.Армијата нападна шест позиции на сепаратистите и го опколи градот Николаевка, соопшти портпаролот на антитерористичката единица. „Ранети се четворица војници“, додаде тој.
Украинскиот претседател Петро Порошенко во понеделникот соопшти дека Киев нема да го продолжи прекинот на огнот, по што веднаш беше обновено гранатирањето на Доњецк и Луганск. Сепаратистите во двете самопрогласени „народни републики“ се надеваат на дополнителна воена поддршка од Москва, пренесе МИА.
Украинскиот министер за надворешни работи Павло Климкин во средата во Берлин се сретна министрите за надворешни работи на Германија, Франција и Русија. На средбата се постигна спогодба до сабота да почнат преговори за ново примирје меѓу Киев и проруските бунтовници. Порошенко вчера, меѓутоа, во телефонски разговор со американскиот потпретседател Џо Бајден изјави дека нов прекин на огнот ќе биде можен само ако и двете страни се ангажираат да го почитуваат.Армијата нападна шест позиции на сепаратистите и го опколи градот Николаевка, соопшти портпаролот на антитерористичката единица. „Ранети се ч

Пронајдете не на следниве мрежи: