Осудените убијци на деца кај Смилковското езеро, ќе бидат судени од почеток, откако Врховниот суд денес донесе скандалозна одлука да ја укина пресудата.Случајот „Монструм“ за петкратното убиство кај Смилковското Езеро се враќа на самиот старт.
На 12-ти април 2012-та година е извршено убиство на петмина лица со огнено оружје кај езерото во атарот на селото Смилковци. Убиените се четири момчиња на возраст од 18 до 21 година од населбата Радишани: Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски, како и Борче Стевковски, 45 години, од селото Црешево. Обдукцијата врз убиените покажало дека во нив е пукано од три типа огнено оружје, зашто се најдени чаури од три различни типа муниција, што сугерира дека има повеќе од еден извршител на чинот.
По ова грозоморно злосторство, македонската јавност со години беше во тага и страв. Правдата народот мислеше дека е задоволена по објавување на пресудата „Доживотна казна затвор за тероризам за Алил Демири, Африм Исмаиловиќ, Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Хаки Азири и Сами Љута“.
Но, сега новата одлука е „Убијците на децата од Смилковско езеро на слобода“!
Зоран Заев со месеци манипулираше со семејствата на убиените момчиња, но нивните сведоштва говорат дека со тоа си правел политички пазар.
„Заев е поголем монструм од убијците“ – таткото Наќески за масакрот кај Смилковско езеро
„Ветувањата за расчистување на петкратното убиство на нашите деца беа само дел од политичкиот пазар на Заев и Дуи. Пред две години ни ветуваше дека ќе направи се да излезе на површина а сега немо молчи“ – потресно сведоштво на Горан Наќески татко на убиениот Александар беше објавено минатиот месец. Видно потресен не сакаше да разговара пред камерата на Алфа, но затоа во телефонската изјава каде се чувствуваше неговата вознемиреност раскажа за ветувањата кои му ги давал актуелниот премиер Зоран Заев пред да дојде на власт.
Наќески раскажува дека се слушнал телефонски со Заев, побарал објаснување зошто досега ништо не им е предадено, но добиле само штур одговор дека се што имал предал на СЈО.
Вели бегството на двајца од обвинетите јасно говори дека тие го признаваат делото. Наќески вели секојдневно е во комуникација и со останатите родители кои кобниот 12-април на Велики четврток ги изгубија своите чеда. Но и нивниот став е дека со одлуката обвинението за обвинетите за „Монструм“ да се врати од почеток и да се укинат доживотните казни е скандалозна. Уверени се дека токму тие се убијците на нивните деца.
Случајот „Монструм“ за петкратното убиство кај Смилковското Езеро се враќа на самиот старт.
На 12-ти април 2012-та го