Во кинескиот град Шангај, полицијата денеска уапси еден 62-годишен маж, кој е осомничен за убиство на шест лица.
Осомничениот, кој бил вработен во приватна хемиска фабрика во шангајското индустриско предградие Баошан, ги извршил убиствата поради „работен спор“, информира полицијата. Меѓу убиените се четворица негови колеги, еден такси возач и стражар во воена касарна.
Осомничениот убиец, кој е идентификуван само по презимето Фан, синоќа прво до смрт претепал еден свој колега, по што заминал дома да ја земе неговата ловечка пушка за која немал дозвола.
Враќајќи се кон фабриката застрелал еден такси возач и му го украл возилото, а потоа убил и еден стражар во касарна, на кого му ја одземал пушката.
Вооружениот Фан упаднал во фабриката, каде убил уште двајца колеги и својот шеф.
Полицијата го уапсила Фан шест часа по првото убиство. Во кинескиот град Шангај, полицијата денеска уапси еден 62-годишен маж, кој е осомничен за убиство на шест лица.