Убила бебе, а се сомневаат дека е виновна за смртта на уште 46 деца

САД: Медицинска сестра која во 1984 година е осудена на 99 години затвор за убиство на дете, наскоро ќе биде пуштена на слобода. Но, постои сомневање дека е виновна и за смртта на уште 46 деца. 
Генена  Џонс(63) осудена е за убиство на дете старо 15 месеци во 1984 година. Додека работела како медицинска сестра во педијатриска клиника му дала смртна доза лекови.
Рон Суттон, кој е обвинител во тој случај, смета дека е одговорна за смртта на уште 46 деца.
Децата умирале во нејзината ноќна смена
Шерил Пендергранд работела во болницата. Забележала дека има значаен пораст на смртта на новороденчињата. Кога ги разгледала дневниците, една работа била заедничка за сите. Поголем број од смртните случаи биле во смената од 3 до 11 часот кога работела Генене, а голем број од децата што починале биле нејзини пациенти.
Во еден ден починале три деца
Постои дури и Фејсбук група „Жртвите на Генене“, која ја основала Јоан Гарза чиј брат близнак Генене наводно го убила. Тој бил доведен во болница поради гушење, а откако таа го лекувала детето починало. Истиот ден починале и две девојчиња.
Планираат да ја пуштат во 2018 година, а обвинителот тоа се обидува да го спречи
Обвинителот Сутон ги повикува сите родители чии деца починале од непознати причини во периодот од 1978 до 1982 година, а биле лекувани во таа болница да се јават во полиција. Сака да го спречи пуштањето на слобода на жената. 
Таа не одлежала ни третина од казната, но бидејќи учествувала во затворските активности, се очекува на 28 февруари 2018 да излезе на слобода. 
Генена  Џонс(63) осудена е за убиство на дете старо 15 месеци во 1984

Пронајдете не на следниве мрежи: