Британката Самиа Схахид е убиена додека била на гости во родната земја во Пакистан. Полицијата го уапсила нејзиниот татко и поранешниот сопруг. Пакистанската полиција изјавила дека го уапсила поранешниот сопруг и таткото на Британката Самија Схахид, под сомнение дека ја убиле, а откако нејзиниот сопруг кажал дека таа, поради премажување, била жртва на „убиство од чест“.
Самиа Схахид, 28- годишна козметичарка од Брадфорд, која била на гости кај своето семејство во Пакистан, починала минатиот месец во селото Пандора во северната покраина Пунјаб.
Случајот привлекол внимание бидејќи се случило ден по „убиство од чест“ на ѕвездата од социјалните мрежи кендел Балок.
Истражителите велат ека полицијата во саботата го уапсила поранешниот сопруг Самија Схахид и нејзиниот татко Чадхир Схахид.
„Судот ги прати во полициски притвор на четири дена. Потоа ќе можеме да кажеме дали се работи за убиство од чест или убиство од одмазда“, велат од полиција
Роднините на Самија рекле дека таа починала од срцев удар, но нејзиниот сопруг Казим Мукхтар тврди дека таа е отруена, а потоа задавена.Пакистанската полиција изјавила дека го уапсила поранешниот сопруг и таткото на Британката Самија Схахид, под сомнение дека ја уби