17-годишната девојка Тара Виленборг, од Индијана била пронајдена убиена во нејзината спална соба, одкако предходно била сексуално нападната.
Тара била прогласена за мртва во саботата, кога нејзиниот вереник го открил нејзиното тело рано утрото во станот на двојката.
Во неделата, околу еден километар од местото на злосторството, полицијата го уапсила 49-годишниот Ричард Хотен, кој е осуден како секс сторителот на овој монструозен чин.
Обвинителот Стив Стјуарт подготвува кривична пријава за случајот.
“Очигледно, ова девојче претрпе ужасна смрт. Во прилог на убиството, ние со сигурност очекуваме и обвиненија за силување и / или кривично девијантно однесување”, изјавил Стјуарт .
Вереникот на Виленборг го открил нејзиното тело во нивниот стан. Нејзиниот татко изјавил дека таа била поранешна атлетичарка во Средното училиште „Џеферсон“ и пред 2 недели добила диплома за најдобра спортистка.
Некои извештаи укажуваат на тоа дека Виленборг и Хотен се знаеле претходно.
Хотен претходно бил обвинет за поседување на кокаин, за што одлежал затворска казна во затворот Кларк Каунти.17-годишната девојка Тара Виленборг, од Индијана била пронајдена убиена во нејзината спална соба, одкако предходно бил