Убиство во Велес: Маж ја убил сосетката, синот и снаата тешко повредени

Сосед на сега починатата денес околу пладне најпрвин вербално со закани ја нападнал неа и нејзините син и снаа. Откако осомничениот тргнал кон нив со себе носејќи земјоделска алатка и нож, оштетените влегле во нивната куќа и се заклучиле, информираат од Основното јавно обвинителство – Велес.
 -Осомничениот ги продолжил своите намери и кршејќи ја влезната врата веднаш ја нападнал сосетката нанесувајќи и тешки телесни повреди. Синот и снаата се обиделе да и помогнат, но и тие биле нападнати и тешко повредени од страна на сторителот. Поради здобиени тешки телесни повреди, жената (64) била однесена во ЈЗУ Општа болница во Велес, а од таму во Клиничкиот центар во Скопје, но им подлегнала на повредите, стои во соопштението.
Вршејќи увид на лице место, надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство – Велес наредил прибирање на сите траги од лице место, одземање и натамошно вештачење на оружјето со кое е извршено кривичното дело, дадена е и наредба за вршење обдукција на телото на починатата.
Дејствијата преземени од страна на обвинителството продолжуваат во насока на расветлување на фактите во предметот .-Осомничениот ги продолжил своите намери и кршејќи ја влезната врата веднаш ја нападнал сосетката нанесувајќи и тешки телесни повреди. Синот и

Пронајдете не на следниве мрежи: