Убиството на Поп Александар

На 18 март 1928 година поп Александар бил повикан во селото Кнежје, на околу 3 километри од Свети Николе за да изврши обред – крштевање на новородено дете. На 18 март 1928 година поп Александар бил повикан во селото Кнежје, на околу 3 километри од Свети Николе за да изврши обред – крштевање на новородено дете. Тој се подготвил, јавнал на коњот (кобилата) за да го изврши крштевањето. Но кобилата како нешто да претчувствувала и давала отпор, несакајќи да појде. После неколку враќања и правења на кругови, поп Санде успеал да тргне кон Кнежје.
На крштевката биле повикани многу гости, меѓу кои и учителката дојдена од Ресен, со место и раѓање непознато на многумина. Церемонијата започнала по сите верски и црковни обичаи. Кога поп Александар го запрашал кумот какво име ќе му даде на детето, кумот одговорил Детето ќе се вика Александар. Попот не го криел своето задоволство од даденото име на детето и со цел глас и израз на одушевување и задоволство рекол Алал ти вера бре куме, даде право наше македонско име. Зборот на кумот во тоа време многу се почитувал.
Кога завршила церемонијата околу крштевањето, гостите седнале да ручаат. Меѓу поп Александар и учителката Роксандра настанала препирка. Учителката доследна на своите задолженија го запрашала попот за каква Македонија станува збор, кога тука било Јужна Србија. Поп Александар одговорил Детето ќе го носи името на Александар Македонски. Учителката не престанувала да го провоцира и да му поставува и други прашања од кои повеќето тој не сакал да ги одговори. На крајот и рекол Незнаеш ти ништо, штета што си учителка и погрешно ги учиш децата..
Дојдената учителка била страшно навредена и понижена пред многубројните гости. Сакала да му се освети, па го пријавила целиот случај кај српските власти, клеветејќи дека поп Санде вршел антидржавна пропаганда насекаде каде што ќе стигнел. Веројатно сето ова било и мотив да се изврши одлуката за неговата ликвидација.
 
 
 
преземено од ЛОЗАНа 18 март 1928 година поп Александар бил повикан во селото Кнежје, на околу 3 километри од Свети Николе за да изврши обред – крштевање на но

Пронајдете не на следниве мрежи: