Во скопската населба Топанско, во општина Чаир, синоќа се случи крвава вооружена пресметка. Како на сцена од филм, среде населено место во чија близина има голем број на згради и објекти, ладнокрвно беше убиено едно лице, а друго тешко рането.Како што дозна КУРИР, убиеното лице е Исмет Арифи (викан Кока) од село Блаце кој во престрелка се има здобиено со фатални повреди и умрел во неговиот автомобил „Пасат“ сива боја, на местото каде се случила престрелката.
Тешко повреден е Ќемал Лусјани кој живеел недалеку од местото на инцидентот.
Според првични информации убиството се случило во вооружена пресметка на бандите на ДУИ и СДСМ во овој дел од Скопје. Во недостаток на официјални информации од институциите, од терен вчера дознавме дека престрелката се случила помеѓу две спротивставени групи кои имале нерасчистени сметки помеѓу себе, а истите биле поради продажбата на дрога.
Убиениот работел на терен за СДСМ и го критикувал ДУИ
Убиениот и повредениот биле активисти за СДСМ во кампања, а оние кои пукаа во нив се приврзаници на ДУИ.
-Убиениот е Исмет Арифи (викан Кока), додека сериозно повредениот е Ќемал Лусјани. Исмет бил од селото Блаце, додека Ќемал бил од Чаир. Исмет е познат како личност која на последните избори правеше активноси за СДСМ и често ги изнесуваше неговите ставови против креирањето на политиката на ДУИ. Пријателството на Исмет со ранетиот Ќемал Лусјани може да се потврди со нивните слики на Фејсбук, каде што тие често се заедно. Таков беше случајот минатата ноќ кога биле во автомобилот на Исмет и биле пукани со огнено оружје кое резултирало со смртта на Исмет и сериозната повреда на Кемал, кој и понатаму е под грижа на лекарите во скопската болница, објавува порталот Тетова1.
Убиениот Арифи најактивен бил во кампањата за локалните избори на Петре Шилегов од СДСМ. Со неговиот автомобил делел рекламна содржина за кандидатот на СДСМ и агитирал кај граѓани да гласаат за сопартијците на Зоран Заев. Фотографиите кои се јавно објавени на неговиот Фејсбук профил се јасен доказ дека станува збор за лице кое е дел од бандата на СДСМ.
Кус период пред да биде убиен, Арифи јавно го критикува пратеникот на ДУИ, Ејуп Халими. Не му било прв пат да упатува критики до раководството и поддржувачите на ДУИ, па активистите на Али Ахмети биле гневни кон него.
„Еве и јас да реагирам. Агим Мусшабанај. За Ејуп Халими .. Ејуп Зошто ги предаде другарите на идеалот? Зошто некои пријатели се уште стојат позади тебе или им имаш вметнато страв заедно со Груевски? Зошто некои наши другари од УЧК се во затвор или затоа што не те подржуваа повеќе тебе Ејупе? Зошто некои други не смеат да дојдат во Илирида? Ти и Али ги ставивте во затвор само затоа што не се подржуваши на ДУИ ….. Ејуп синоќа добив повик од една личност. Со името Х. ти го знаеш, некои наши другари го познаваат тоа лице… И ми рече: Ејуп ме предаде. Го прашав како те предаде Ејуп. Ми рече Ејуп ми ја зеде вереницата со која бев верен една година, и скоро секој ден седев со Ејуп и вереницата која сега е негова жена. Јас не му поверував, но кога прашав некои заеднички пријатели ми кажаа дека тоа е вистина. Му ја зеде вереницата. А вереницата е ќерка на поранешниот претседател на В. С.Д.Со ова открив дека ти Ејупе си предавник. Ејупе кај нас албанците викаат дека човек кој допира до честа, тој е предавник и не може дда му се верува. Така да ти му ја допре честа на твојот другар…И ти Ејуп си антинационален“- напиша Арифи на својот Фејсбук профил пред да биде крвнички ликвидиран.Како што дозна КУРИР, убиеното лице е Исмет Арифи (викан Кока) од село Блаце кој во престрелка се има здобиено со фатални повреди и умрел во негови