Македонската победничка партија на изборите на 11 декември ќе биде уценета со низа предуслови од победничката партија кај Албанците за воопшто да почнат преговорите на идните владини партнери за формирање на новата влада. Ако партиите на Албанците учеснички на изборите на 11 декември не отстапат од позицијата „земи или остави“, можно е новата влада да биде без партија на Албанците и Македонија да влезе во уште подлабока политичка криза, пишува Дневник.Од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ се децидни дека не прифаќаат уцени.
ДУИ, ДПА, Алијансата за Албанците и Беса веќе се изјаснија дека без целосно прифаќање на нивните платформи ќе нема преговори за нова влада.
-ВМРО-ДПМНЕ во моментов е концентрирана на освојување 63 пратеници, бидејќи само на тој начин може да се стави крај на кризата во која СДСМ ја втурна државата во изминативе две години. Освојувањето на мнозинството од 63 пратеници ќе значи крај на секакво пазарење со македонските национални интереси, нешто што го направи Зоран Заев во Швајцарија и пред да почне изборната кампања. Првпат македонски политичар нуди отстапки и ги урива макотрпно градените позиции и нуди менување на Уставот, излегување од Рамковниот договор и воведување двојазичност на цела територија. Освојувањето на 63 пратеници значи давање целосен легитимитет на ВМРО-ДПМНЕ и градење многу подобри позиции во натамошните преговори за формирање влада – вели Иво Kотевски од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.
И коалицијата предводена од СДСМ доколку победи на изборите, не прифаќа да преговара за нова влада под услов да биде условувана и уценувана.
По овие избори Македонија ќе биде обединета, а не разединета. СДСМ ќе разговара со сите партии што го претпочитаат граѓанскиот концепт, без условувања и уцени. На следната власт приоритет ќе ~ бидат интересите на граѓаните и обезбедување услови за живот во Македонија – велат од СДСМ.
Од двете партии не коментираат дали доколку тие се победници на изборите ќе прават влада без партија на Албанците, ниту дали наместо решавање, Македонија ќе влезе во уште подлабока политичка криза.
Воздржаноста на македонските партии е разбирлива бидејќи предупредувањата на Али Ахмети, Мендух Тачи, коалицијата Алијанса за Албанците и партијата Беса може да се читаат како предизборно кревање на понудите пред својот електорат и позиционирање пред македонскиот партнер пред преговорите за новата влада бидејќи во политиката не функционира принципот „земи или остави“.
Партијата на Ахмети прва порача дека и да победи на изборите, нема да биде дел од владата ако македонската победничка партија во целост не ја прифати нивната платформа, односно петте заклетви меѓу кои и еднаква употреба на албанскиот со македонскиот јазик на целата територија, консензуалното одлучување, економска еднаквост…
Од ДУИ и вчера повторија дека доколку македонската победничка партија ги одбие условите, Македонија ќе влезе во нова криза.
-Ќе нема влада без договор за затворање на отворените прашања – велат од ДУИ.
Тачи, пак, ако ДПА е победничката партија, нема ни намера да почне преговори за новата влада доколку претходно не се одреди датумот за компромис за името.
– Предуслов од ДПА за да почнат преговори за формирање на владата ќе биде да го одредиме датумот кога ќе направиме компромис со Грција и часот кога Собранието ќе одлучи да го промени името на државата и процесот на интеграции во НАТО и во ЕУ ќе се деблокира. Ова е услов без кој нема да почнат преговорите. По ова, преговорите почнуваат со нашите услови од новата платформа на ДПА, што подразбира дека овие услови треба да се исполнат во одреден рок – вели Тачи.
Kоалицијата „Алијанса за Албанците“ најави дека нема да биде дел од владата ако не се прифати нивната платформа, со која се инсистира албанскиот да биде втор службен јазик во Македонија, додека Движењето Беса бара целосно редефинирање на државата
Сепак, и покрај уцените на партиите на Албанците, по 11 декември ќе биде јасно дали испорачаните услови биле само предизборен маркетинг и дали победничката партија во албанскиот блок така лесно ќе се откаже од власта.Од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ се децидни дека не прифаќаат уцени.
ДУИ, ДПА, Алијансата за Албанците и Беса веќе се изјаснија дека без целосно при