Учениците Македонци од Мала Преспа останаа без настава на мајчин јазик

Одлуката на регионалниот претставник на Министерството за образование на Албанија да ја суспендира Флорета Никола поради наводно немање соодветно образование, го шокираше македонското малцинство во Албанија.Локалната власт во Мала Преспа веднаш реагирала и побарала преиспитување на одлуката за суспензија на наставничката. Со оглед на тоа дека не постои соодветен наставен кадар, наставата по македонски јазик сега ја изведуваат наставници кои предаваат други предмети.
Градоначалникот на Мала Преспа очекува позитивен одговор на жалбата, а исто и суспендираната наставничка, која повеќе од 15 години ја изведува наставата.
Македонците во Мала Преспа се сомневаат дека Никола е жртва на политички реваншизам на премиерот Еди Рама, бидејќи тие како етничка заедница, преку партијата Македонска алијаса за европска интеграција на изборите го поддржаа Сали Бериша за премиер.
За целиот случај е запознаена и македонската амбасата во Тирана, која исто така очекува наставничката да биде вратена на работното место.
Во Албанија на педагошката академија нема настава на македонски јазик, од каде би произлегол соодветен кадар за наставници по македонски јазик. Локалната власт во Мала Преспа веднаш реагирала и побарала преиспитување на одлуката за суспензија на наставничката. Со оглед на тоа дека не постои

Пронајдете не на следниве мрежи: