Сто и пет илјади евра неповратни средства кои во рамки на Еразмус + програмата ги добија двете беровски училишта – основното „Дедо Иљо Малешевски“ и средното „Ацо Русковски“, остануваат неискористени поради деструктивноста на општинските советници од редовите на коалицијата предводена од СДСМ.Тие, како што и самите се изјасниле на една од седниците во текот на месец јуни – ниту слушнале, ниту знаат за каква европска образовна програма се работи, па оттаму и противењето за промена на плановите на финансирање на овие две училиште, кои на донаторските сметки веќе ги добиле средствата за реализација проектите кои предвидуваат 20тина наставници да одат на обука поврзана со дигитализација на училишта во Шпанија, додека 30тина ученици треба да одат во Италија каде ќе посетуваат практична настава во областа на туризмот.
Според изворот на информацијата, ваквото однесување на опозициските советници кои се мнозинство во општинскиот советот, веќе предизвикало револт кај наставниците, учениците, но и родителите за кои ова било одлична можност без дополнителни трошоци, нивните деца да се едуцираат и надградат во некој во европските образовни центри.
Изворот додава дека незадоволство од деструктивноста на локалните кадри на СДСМ, има и кај граѓаните кои им ја доделиле довербата на последните општински избори, што сигурно следната година нема да остане заборавено.
До кога СДСМ ќе ги негира младите во општината и ќе го попречува нивното стручно усовршување, зависи од инструкциите кои доаѓаа од централата во Скопје.Тие, како што и самите се изјасниле на една од седниците во текот на месец јуни – ниту слушнале, ниту знаат за каква европска образовна прогр