Учесниците во проектот „Европски Вредности” на средба со градоначалникот

Градоначалникот Тони Трајковски имаше средба гостите учесници од Македонија, Бугарија, Романија, Италија, Литванија, Турција, во рамките на проектот ,,Европски вредности”  Еразмус 2 – Стратешко партнерство помеѓу училишта и градинки, кои имаа можност да поминат неколку денови во нашата земја и да разменат искуства со нашата градинка Детска радост.Тој истакна дека општина Гази Баба е отворена за соработка во иднина, за континуирана подршка на ваков тип проекти, како и можности за збратимување со некоја од општините од земјите на кои припаѓаат учесниците во овој проект.
Основната цел на проектот е, едукација на децата за Европски празнувања, вклучување на родителите во одбележувањето на празниците, размена на идеи и искуства.

Задачи кои континуирано се реализираат од страна на детските градинки се, богатење на активниот речник кај децата, негување на семејните вредности низ заедничките прошетки и игри и активности, развивање на чувството за припадност, стекнување на нови знаења за Европските вредности.Тој истакна дека општина Гази Баба е отворена за соработка во иднина, за континуирана подршка на ваков тип проекти, како и можности за збратимување

Пронајдете не на следниве мрежи: