Во периодот од 29 август до 1 септември 2016 година, делегација на Царинската управа на Република Македонија учествуваше на Семинар на тема „Олеснување на трговијата и Дигиталната Царина” во организација на Царинската служба на Република Кореја. Целта на овој семинар е натамошно зајакнување на односите на соработка помеѓу земјите од Евроазискиот регион.Организаторот и царинските администрации учеснички, со презентации и споделување на знаење и искуства го потврдија заедничкиот стремеж да овозможат натамошно олеснување на трговијата преку воведување и користење на информациски технологии и модернизирање на царинските постапки.
На настанот беа презентирани веќе преземените мерки за олеснување на трговијата, активностите што се спроведуваат во борбата против тероризмот, воведувањето на едношалтерскиот систем и концептот на овластен економски оператор, како и унапредувањето на системот за анализа на ризик. Посебно внимание беше посветено на т.н. UNI PASS систем, систем за електронско царинење воведен од страна на Република Кореја, што беше особено корисно за претставниците на Царинска управа на Република Македонија со оглед на фактот што во Република Македонија во напредна фаза е воведувањето на нов систем за обработка на царински декларации. Функционалноста и интеграцијата на сите работни процеси во постапката на царинење во UNI PASS системот и овозможија на Република Кореја шест години по ред во периодот од 2004 до 2009 година да биде рангирана на прво место во извештајот Doing Business на Светска Банка кај индикаторот „Прекугранична трговија”.
За време на семинарот, директорката на Царинската управа на Република Македонија имаше презентација на тема „Дигиталната Царина во служба на олеснувањето на трговијата“, при што го презентираше досегашното искуство на Република Македонија во спроведувањето на Договорот за олеснување на трговијата на Светската трговска организација. Притоа, беа потенцирани досега спроведените проекти и мерки за олеснување на трговијата во Република Македонија (воведувањето на Информациониот систем за обработка на податоци во електронски облик и електронски потпис при постапките на увоз, извоз и транзит – EXIM, Новиот компјутеризиран транзитен систем, поедноставените постапки, стоковото царинење на граничните премини и овластениот економски оператор), но исто така беа нагласени и тековните и идни мерки и активности (соработка со деловната заедница во рамките на Советодавното тело, реконструкција и модернизација на граничните премини и соработка со соседните царински администрации).Организаторот и царинските администрации учеснички, со презентации и споделу