Учи сине за да не работиш?- изгледа не е баш така денес!

Во Македонија полесно може да се дојде до работа со средно отколку со високо образование. Тоа го покажуваат и резултатите од истражувањето на Агенцијата за вработување според кое работодавците предвиделе годинава да се отворат нови работни места највеќе за лица со средно образование.Имено, во истражувањето што лани било спроведено на 2.764 мали фирми, 48 отсто од нив најавиле дека во наредните дванесет месеци односно годинава очекуваат нови вработувања.
Во анкетираните фирми предвиделе годинава да има 10.643 вработувања. Од очекуваните вработувања, само 9,1 отсто или 973 вработувања биле предвидени за лица со високо образование, а дури 74 отсто или 7.880 нови вработувања биле предвидени за лица со завршено средно образование.
Според дејноста, највеќе нови вработувања годинава се очекува да има во преработувачката индустрија (45,1 отсто од вкупните вработувања), во трговијата на големо и во трговијата на мало се очекуваат 2.584 нови вработувања или 24,3 отсто, а од другите дејности со релативно помала побарувачка за работна сила се издвојува градежништвото(9,2 отсто од вкупните очекувани вработувања).
Повеќе на mkd-news.com
 Имено, во истражувањето што лани било спроведено на 2.764 мали фирми, 48 отсто од нив најавиле дека во наредните дванесет месеци односно годи

Пронајдете не на следниве мрежи: