Училиштата и административните згради во западниот дел на Иран денеска се затворени поради песочна бура, кои доаѓаат од Ирак.– Во градовите Абадан и Хорамшахр, во провинцијата Хузестан концентрацијата на песок во воздухот е за 28 пати поголема од дозволеното, објави иранската новинска агенција ИРНА.
Поради песочната бура затворени се училиштата и универзитетит во иранските провинции Илам, Керманшахан и Курдистан, кои граничат со Ирак.
Песочна бура во февруари во некои градови во Хузестан предизвика прекин во снабдувањето со електрична енергија и со вода.
Песочните бури во последните 15 години се се почести. Иранските власти како причина за појавата на песочни бури ги наведуваат вештачките акумулации за вода, што Турција ги изгради во горниот тек на реките Тигар и Еуфрат, што придонесуваат за зголемување на пустинските површини во Месопотамија, како и сушењето на мочуриштата во југоисточниот дел на Ирак, кој граничи со Иран.
Училиштата и административните згради во западниот дел на Иран денеска се затворени поради песочна бури, кои доаѓаат од Ирак.– Во градовите Абадан и Хорамшахр, во провинцијата Хузестан концентрацијата на песок во воздухот е за 28 пати поголема од дозволеното, објави