УЧИМЕ СО КАНВАС: Лекција 1. Како демократски да урнеш држава?

Пред да се зборува за граѓанските иницијативи и „волјата на народот“, треба да се прелета преку извесни показатели кои посочуваат дека македонската реалност во моментов е едно проѕирно препишување од учебник.Кога ќе се спомне препишувањето, има различни видови на препишувачи. Некои препишуваат од збор до збор, други само најбитното, трети и тоа што треба и тоа што не треба (ова се најмрзеливите на кои можеби некој трет им ги правел ливчињата).
Од денес ќе почнеме да се занимаваме со таквите препишувачи, чии шаблони се применливи низ улиците на македонските градови.
Организацијата „Канвас“, во својата академија тренира токму вакви препишувачи, чија цел е да ги замаскираат сопствените аспирации кон власт, шпионирање и државен преврат во ненасилни и „демократски“ движења кои во арапските земји завршија со милиони жртви, ослабени економии, со неминовна зависност од цуцлата на САД и нивните поданици. 
Нови актери, стари идеи. Во недостиг од свои и оригинални идеи како да дојдат на власт, одредени структури ги надградуваат и се обидуваат да ги прошират старите идеи од прирачникот на Канвас за ненасилно протестирање.
Денешната лекција е меѓу првите:
Како да се урнат столбовите на владетелот?
Со детално објаснување, во прирачникот се наведува дека власта се темели на неколку столбови на поддршка.
Доколку дојде до уривање на тие столбови, се доаѓа до дестабилизирање на владетелот и со самото тоа до разнишување на системот.
Во столбовите на поддршка се полицијата, државните службеници, војската, студентите, работниците… Доколку се направи успешно присвојување на барем неколку столбови од поддршката на владата, се доаѓа до постепено „демократско“ преземање на власт.
Делува познато?
Полицијата, односно МВР под странски притисок беше предадено во рацете на Оливер Спасовски во улога на технички министер, којшто во најкризните моменти во државата излегуваше заедно со демонстрантите на улица да го урива системот, додека Македонија се соочуваше со внатрешен (протести пред државните институции и најави за преземање на истите) и надворешен притисок (обвинувања за нехумано однесување кон мигрантите и нивен судир со полицијата на јужната граница).
Работниците, односно Министерство за труд и социјална политика потпадна под јурисдикција на Фросина Ременски, откако пристигнаа меѓународни признавања дека Македонија бележи намалување на невработеноста од 38% (од времето на СДСМ) на 28%, отворање на нови работни места и пораст на задоволството кај граѓаните. Ова се должеше на многубројните мерки и поволности кои им се нудат на граѓанте за вработување и самовработување. Со еден збор, Македонија тргна да се развива во насока која одговара на една светска земја и претендент за влез во ЕУ.
Од друга страна, нејзиниот пријателски однос кон Русија и ставот дека зад маската на невладините организации се кријат добро скроени политички интриги на САД, и` донесе непријател кој не се помирува со фактот дека не може да ја контролира. Затоа ни` тропнаа „демократските и слободни револуции“.
За денес толку. Доволен е само овој приказ на столбовите за поддршка на власта за да се утврди денешната лекција на препишување на ценетите активисти. 
Случајности еден куп, но доволно е само добро да се отворат очите!
Продолжува…
Кога ќе се спомне препишувањето, има различни видови на препишувачи. Некои препишуваат од збор до збор, други само најбитното, трети и тоа што треб

Пронајдете не на следниве мрежи: