УЧИМЕ СО КАНВАС: Лекција 11. Веб-сајтови за манипулации!

Секое ненасилно движење треба детално да се испланира, со цел да се постигне што е можно поголем успех и да се привлечат повеќе активисти.„Граѓаните се будат“, „Доста беше“ и „Македонија слободна“, беа само дел од паролите на организаторите на протестите против власта и невладините организации.
Можеа да се сретнат разни тематики кои се испреплетуваа со незадоволството на дел од граѓаните, но сѐ уште се молчи на сличноста на методите кои што се употребуваат при ваквите собири.
Многупати досега беше негирана инволвираноста на Канвас во протестите кај нас, а сепак тие неверојатно потсетуваат на препишување од прирачникот за организација и спроведување на ненасилни протести.
Појавите на алтернативни веб-сајтови и развој на подземна комуникациска мрежа преку која ќе постои полесен проток на инфромации се дел од нашето секојдневие.
Колку веб-сајтови се појавија во последниве две години во кои се пласираат информации против власта?
Да потсетиме само на манипулациите со настаните во Дива Населба дека е убиено семејство за да се интензивира состојбата во Македонија и да се предизвика етничка нетрпеливост, потоа случајот со возило на итна помош во кое се товарат дрва – фотографија снимена во српско село и за која одредени опозициски портали ја искористија за спин.
Звучи познато?

Пронајдете не на следниве мрежи: