УЧИМЕ СО КАНВАС: Лекција 13. Сруши ја поддршката на власта!

Со месеци наназад се пласираат спинувани информации дека отпорот кон власта станува сѐ пообемен и дека крајот наближува.Обоените револуции низ светот се оружје за рушење на влади во геополитичкиот арсенал на Западот. Тоа го потврдува фактот што ниту една обоена револуција не се случила во западните држави.
Зад нив стои организацијата КАНВАС, на Срѓа Поповиќ, кој обучува активисти за изведување на Обоените револуции. Според одредени информации, КАНВАС е финансиран од најголемата инвестициска банка на Волстрит „Голдман Сакс“, ЦИА и УСАИД, што значи дека работи за нивните интереси.
Не е случајно што во повеќе наврати се зборуваше за ослабнување на столбовите кои претставуваат поддршка на власта и се подвлекуваше дека треба да се одбираат битки кои може да донесат победа. Повеќе за ситуацијата со столбовите на следниот ЛИНК
И додека со тек на време полека се разоткриваше дека зад шарената револуција стои СДСМ, а не невладините организации коишто се кријат под параванот дека се неутрални, во Македонија растеше нетрпеливоста меѓу народот.
Сѐ што беше најавувано како спонтано собирање на маса граѓани, беше однапред и детално испланирано за да се урне власта во Македонија.
Денешната лекција од прирачникот на КАНВАС за ненасилно уривање на власт, е едно резимирање на случувањата:

Пронајдете не на следниве мрежи: