Шарената револуција продолжува да биде дел од секојдневието. Откако преку ненасилните методи се правеа споредби со умешноста на војувањето, дојде време да се разобличи на кој начин се пренесуваат пораките од шарените револуционери.Водејќи се според начелата од книгата „Умешноста на војувањето“ од Сун Це, шарените револуционери добро ги имплементираат методите за ненасилни протести на Канвас во комбинација со поглавјата од споменатата книга на Сун Це.
Наслови на главите преведени од преводот на Лајонел Гајлс (1910):
I. Подготвителни планови
II. Водење на војна
III. Стратешки напад
IV. Тактички распоред
V. Енергија
VI. Слаби и јаки точки
VII. Маневрирање
VIII. Варијации во тактиките
IX. Походот
X. Терен
XI. Деветте ситуации
XII. Напад со оган
XIII. Употреба на шпиони
Не е утврден распоредот според кој ги реализираат поглавјата за „ненасилни“ протести, но едно е јасно: книгата од прирачникот на Канвас за ненасилни протести се базира токму на овие поглавја.
Со оглед на модерната технологија, во денешно време „умешноста на војувањето“ се води и во виртуелниот простор, преку пропаганда и пораки до целната публика.
Пораките и начинот на комуникација треба да бидат поедноставени за да можат полесно да допрат до поголем број луѓе, како и да се однесуваат на теми кои се поприфатливи за да предизвикаат сочувство и вина кај луѓето коишто се двоумат дали да станат дел од платеничката револуција.
По направеното истражување, се оди на следниот чекор: откако ќе се крене доволно прашина во земјата, погрижи се и Меѓународната заедница да дознае за тоа!
Благодарение на овој чекор, имаме зголемен степен на мешање во суверенитетот на државата од страна на амбасадори и олеснувачи од ЕУ. Сѐ со една цел – „демократски“ начин за промена на власта!