УЧИМЕ СО КАНВАС: Лекција 17. Готов е!

КАНВАС дава детални информации за тоа како да се урне влада која не одговара на интересите на Западот, а добро истренираните луѓе треба да ги спроведуваат зададените инструкции на дело.Во денешната лекција од КАНВАС, ќе се фокусираме на целта на протестите, ненасилните движења, револуции… – како и веќе да се викаат собирите кои секоја година ја менуваат тематиката и целта.
Прво беа убиства, потоа корупција, нефункционалност на јавните институции, недемократија, незаконски одлуки, „нерегуларни“ избори…
Во широката палета на теми за протести можеше да се сретне сѐ. Во инструкциите од КАНВАС се наведува дека е круцијално да се одбере тема на протести која ќе се базира на проверени факти, но за да се постигне најдобар ефект меѓу граѓаните за да се поттикнат да преземат акција, треба дополнително да се напумпаат паролите и слоганите за да се предизвика гнев.
Гневот кај граѓаните не е разбуден, затоа што нема валидна причина за тоа, додека кај шарените револуционери се случуваат тензични ситуации. Самите се покренувачи на тепачки и насилство, а за тоа сведочат бројните нивни испади врз граѓаните коишто не се дел од нивните подвизи да блокирање улици и намерно вршење притисок.
И кога се рушеше Слободан Милошевиќ со булдожери во Србија, ечеше паролата „Готов е“, за да се зголеми самодовербата на луѓето што го рушеа и да се потпалат народните маси. Да бидеме искрени, рушењето немаше да се случи да не стоеше ЦИА зад платеничките рушења на Милошевиќ бидејќи неодамна се откри дека маскираните лица коишто упаднаа во неговиот дом беа членови на Земунскиот клан.
Што значи дека со криминални банди се уриваат законски поставени луѓе на функција. Дали и ова може да се очекува во Македонија?

Пронајдете не на следниве мрежи: