УЧИМЕ СО КАНВАС: Лекција 16. Преземи акција!

Досега имавме шарање по јавни површини, демолирања, протести чија позадина се косеше со најавените причини за излегување на улица – негодувањата за аболицијата на Иванов прераснаа во веење американски знамиња испреплетени со мапи на Голема Албанија, федерализација…Боењето прерасна во пеколен план за деструкција, план кој е скроен во штабот на опозициската партија СДСМ, во соработка со „невладините организации“ чие мешање со политичари разоткри дека нивното мислење не е неутрално и е политичко, а и дека претставува кауза за која се борат оние на кои им се ветени огромни суми пари на контото ако предизвикаат голема штета.
Арапската пролет започна токму со давање рози на полицијата и заврши со масовни убиства и деструкција. Во еден момент, дури беа нарушени и односите помеѓу Египет и САД. Односите меѓу Египет и САД се најдоа на дополнителна проверка по тешките обвинувања на новите власти во Каиро дека Вашингтон ги финансира невладините групи, чија цел е да предизвикаат хаос во земјата по падот на режимот на Хосни Мубарак. Египетската министерка за меѓународна соработка Фаиза Абдул Нага во една прилика ги обвини САД дека „директно ги финансираат непрофитните групи за да предизвикаат хаос во земјата“, по падот на режимот на Хосни Мубарак. На тој начин Белата куќа се меша во внатрешните прашања во Египет и го контролира развојот на ситуацијата. Беше соопштено дека во Каиро ќе се суди на група од 43 осомничени во невладините организации, меѓу кои и на 16 американски државјани, заради противзаконски активности во Египет, кои се финансирани од САД.
Ваква ситуација имаме и кај нас, бидејќи ветер во крилјата на активистите им е токму Америка и нејзините сојузници од ЕУ кои веќе подолго време си играат топло-ладно со македонскиот народ.
Одолговлекувањето на кризата се прави со цел да се зголеми рејтингот на СДСМ на било кој начин, но тоа не им оди од рака на платениците па се случува шарена револуција кај нас.
За покревањето ненасилни протести и шарени револуции треба детална подготовка, а се наведува дека доколку се наиде на невозможни цели, движењата оправдано може да прераснат во насилни.
Сепак, ова е дел од прирачникот на КАНВАС и можеме во иднина да очекуваме булдожери (како што се рушеше Слободан Милошевиќ) и насилство на улиците!
Боењето прерасна во пеколен план за деструкција, план кој е скроен во штабот на опозициската партија СДСМ, во соработка со „невладините орган

Пронајдете не на следниве мрежи: