УЧИМЕ СО КАНВАС: Лекција 3. Наставници и студенти како катализатори на политички промени

Сосема е јасно дека не постои ниту грам самоиницијативно граѓанско движење кога станува збор за дестабилизација на уставниот поредок во Македонија и притисоци за промена на владата.Во прирачникот на Канвас за ненасилни движења се наоѓаат методи за рушење на власт кои неверојатно потсетуваат на случувањата во Македонија.
Во пол ек се организираат протести во државата, собирите предводени од невладини организации од сенка се управуваат од одредени политички фигури кои не ги кријат аспирациите дека ќе ја срушат власта и дека се надеваат на победа на избори (во зависност кога ќе се одржат).
На безбедносни камери и објективи беа фатени лица кои ѝ се познати на полицијата поради криминалните досиеја, партиски активисти и луѓе кои се чести гости по странските амбасади.
Меѓу нив, рака под рака се најдоа и пленумци (од наставници, студенти…). Во денешното препишување од прирачникот на Канвас, ќе се задржиме токму на нив.
Дали е случајно што професорите и студентите одеднаш се кренаа на нозе?
Изгледа дека не е таков случајот, бидејќи јасно се наведува дека тие се катализатори за политички промени во општетството, а да не зборуваме дека се опишуваат нивните карактеристики за менување на јавното мислење и се опишуваат како моќно орудие за протести и постигнување на масовност на истите.
Македонија се сеќава на кампувањата по парковите и опсадата на факултетите и средните училишта. Се пееше, пиеше, се правеа манифестации, дури имаше и случаи во кои малолетници пиеја алкохол – сѐ освен учење!
Беа направени обиди да се блокира работата на образовниот систем, се напаѓаа и медиуми и новинари коишто го пренесоа негативниот дел од оваа атмосфера, сѐ со цел да се оцрни функционалноста на институциите.
Друга битна работа е што се спомнуваат семејствата на студентите за постигнување на масовност. И оваа слика беше дел од нашето секојдневие, посебно кога се правеа акции за носење храна и пиење, средства за хигиена и останати потребни работи за егзистирање на истите пленумци во тн. распуст и „борба“ со безделничење по паркови.
Се вршеше притисок, беа најавувани уште пожестоки реакции, додека поголем дел од нивните врсници одеа на настава и ги завршуваа обврските и задачите на време.
Дали системот е виновен за ова или големата доза на несовесност кај одредени луѓе и неодговорност да се преземат работите во свои раце? Или, наместо да се потпаѓа под влијание на регрутирачи, да се фокусира кон нешто конструктивно и унапредување на вештините.
Во прирачникот на Канвас за ненасилни движења се наоѓаат методи за рушење на власт кои неверојатно потсетуваат на случувањата во Македонија.

Пронајдете не на следниве мрежи: