Прирачникот на Канвас е наше секојдневие, посебно поради методите од неговите листови кои веќе одамна се применуваат кај нас. Откако сведочевме на постојаните притисоци во сите облици, доаѓаат на ред медиумите.Контрадикторноста во упатствата е нешто на што често се налетува во прирачникот за ненасилни протести на Канвас, посебно поради фактот што никаде не се наведува од кои средства и од каде доаѓа помошта за финансирање на одредени активности.
Како што постојано се спомнуваат „владетели“, „столбови“, „диктатура“, навистина е необично како може со еден граѓански протест да се дојде до финансирање на медиуми и појава на нови на сцената.
Од протестирање не се собираат пари, но се добива награда за добро извршена задача. Ако се оди според последново, тогаш може слободно да се констатира дека нашите молеро-фарбарски револуционери добро си ја завршиле задачата.
Етапното следење на прирачникот од Канвас води токму до медиумите, а во напредните курсеви се спомнуваат тренери и „поискусни“ лица за водство на протестите.
Во денешната лекција се наведува дека мора да се креираат иновативни медиуми со кои ќе се допре до поголем број гледачи и на тој начин ќе се привлече нивното внимание, па можеби ќе допринесат и за „регрутирање“ на нови борци за слобода.
Кај нас се појавија финансирани емисии од УСАИД со хумористично-забавна содржина, во кои се исмеваа неистомислениците на опозицијата.
Звучи познато?
Контрадикторноста во упатствата е нешто на што често се налетува во прирачникот за ненасилни протести на Канвас, посебно поради фактот што никаде н