УЧИМЕ СО КАНВАС: Лекција 5. Механизми за притисок врз власта и институциите

Мора да се признае дека Академијата за ненасилни движења на Канвас нуди навистина креативни методи за рушење на влади.Кул е да се протестира, ако не протестираш си полтрон – со други зборови, да не си во кожа на човек којшто јавно ќе искаже дека е против вандализмот и уличните кокичиња.
Како и секое кокиче кое чека да се појават првите знаци на пролетта, нашите отпораши со нетрпение го чекаат ова годишно доба за да почнат да ја иритираат јавноста како неподнослива алергија на полен.
Во денешната лекција од ценетите пријатели од Канвас, ќе се фокусираме на уште една неверојатна „случајност“. Имено, станува збор за пропагандата.
Неверојатен е бројот на заштитни знаци и цртежи со кои се повикуваат луѓето на отпор. Секој ден се смислува по ново лого кое ќе биде примамливо за граѓаните и со кое на психолошки начин може да се влијае врз менување на мислењето.
Како едно од средствата за привлекување на свежа крв во протестите се петиции, создавање атмосфера на безгрижност со пеење и танцување – суптилни начини за да се влијае врз луѓето.
Токму затоа, не беше случајно што на протестите се организираа забави, караоке, и со „љубов и песна“ се водеше „борба против строгиот режим“. Посебно кога беа организирани забави под и покрај шаторите, со намерно блокирање на улиците.
Дали верувате и во оваа неверојатна коинциденција?
Кул е да се протестира, ако не протестираш си полтрон – со други зборови, да не си во кожа на човек којшто јавно ќе искаже дека е против вандализмо

Пронајдете не на следниве мрежи: