Потрагата по извори на пари е една од мисиите на ненасилните протести. Но, овде станува збор за извори на приходи на противничката страна – власта.Во јавноста се провлекуваа разни афери поврзани со компании кои наводно се блиски до власта, се објавуваа податоци за перење пари, а посебно се вжешти состојбата кога протекоа Панамските документи.
Мегафоните на опозицијата потрчаа да објават кои македонски компании блиски до власта се вмешани во аферата, притоа објавувајќи површни документи со кои би ги докажале тврдењата.
Од друга страна, светските медиуми наголемо пишуваа за аферата во која е вмешан нивниот главен спонзор – Џорџ Сорос.
Тука никој од нив не се помачи да направи графикони за да се извлече од кашата.
Втора работа, претходно годинава беа објавени наводни копии од договори, во кои беше наведено дека ВМРО-ДПМНЕ ангажирала неколку американски компании за политичко лобирање и за пропагандна поддршка во САД. И тоа пропадна во вода, посебно поради пристрасноста на одредени медиуми кои со фалсификувани документи сакаа да предизвикаат сомнеж кај граѓаните во работата власта.
Трета работа, не е наивен фактот дека зад овие движења кои се препишани од искусни багеристи (Канвас), се наоѓаат стратегии со кои на перфиден начин треба да се „намамат“ граѓаните за да се приклучат во што е можно поголем број. Сите ветуваат слобода, но никој не зборува што ќе се случи кога би се сменила власта и системот.
Кој после ќе го чисти нередот? Платениците кои си обезбедија егзистениција со протестирање за дневница, или луѓето на кои ќе им биде загрозена иднината поради нечија алчност?
Во јавноста се провлекуваа разни афери поврзани со компании кои наводно се блиски до власта, се објавуваа податоци за перење пари, а посебно се вже