Учител врзал јаже околу вратот на петгодишно детенце: Надлежните служби го негираат случајот!

Учител во основно училиште во Антверпен, е обвинет дека во училишниот двор му врзал јаже околу вратот на петгодишно детенце откако одбило да застане во редица. Приказната успеала да дојде до јавноста откако мајката на детенцето на својот профил ги поставила фотографиите од повреденото детенце, пришто напишала дека учителот „го мачел“ нејзиниот син.
„Беше претепан поради тоа што не сакаше да застане во редица, а потоа висеше на јаже“ – напишала таа, а нејзиниот статус го објави весникот De Morgen.
„Ќе сторам сѐ што можам тој човек да добие отказ“ – додала таа.
Околу триесет лути жени во четвртокот протестирале во дворот на градинката Бијтјес во Антверпен, Белгија.
При крајот на времето за игра, трагите од врзување биле забележливи на вратот на детенцето, по што биле известени родителите.
Јоке Кортенс, гласноговорник на Општинскиот оддел за образование во Антверпен, изјавила дека врз основа на нивната истрага, дотичниот учител не бил присутен на игралиштето кога се случил немилиот настан.
„Врз основа на добиените информации кои ги имаме, дотичниот учител не бил присутен на игралиштето“ – додала Кортенс.
Но, мајката е упорна да се открие виновникот.
На нејзино инсистирање, случајот подетално ќе биде истражен и се очекува што е можно поскоро да се открие виновникот.Приказната успеала да дојде до јавноста откако мајката на детенцето на својот профил ги поставила фотографиите од повреденото детенце, пришто напиш

Пронајдете не на следниве мрежи: