Учителка пред тест на учениците им дала по еден ПЛИК, а во секој од нив се наоѓаше писмо во кое…

Еби Мартин не знаела што му се случило на нејзиниот син кога еден ден, плачејќи се вратил од училиште.Малечкиот Рајлан на својата мајка ѝ признал дека плачел во училиште, а тоа е нешто што ниту еден родител не сака да го слушне.
Детенцето признало дека се срами поради тоа.
Кога неговата мајка го запрашала зошто плачел, не очекувала дека причината и неа ќе ја расплаче.
Рајлан од училишниот ранец извлекол писмо од својата учителка и ѝ рекол дека секој ученик добил идентично писмо.

„Драги ученици,
Наредната недела ќе мора да пишувате тест по математика и читање, а две недели подоцна ќе имате и лектира. Знам колку напорно работевте и колку се трудевте и постои нешто важно што сакам да го споделам со вас. Овие испити нема да покажат колку сте посебни и единствени. Луѓето коишто ќе ги коригираат и што ги напишале не ве познаваат како што ве познавам вас, а посебно не на начинот на кој ве познаваат вашите семејства.
Тие не се свесни дека некои од вас зборуваат два јазика или дека уживате во цртање и пеење. Дека вашите пријатели сметаат на вас, дека вашите насмевки го разубавуваат и најгрдиот ден, дека лицето ви поцрвенува кога се срамите од нешто… Не се свесни дека го сакате спортот, дека мислите за иднината, дека им помагате на мама и тато со помалиот брат или сестра. Резултатите што ќе ги добиете по тестот не ве дефинираат како личности.
Постојат многу начини на кои некој може да биде паметен. Вие сте светлината на мојот ден и причината поради која сум среќна што одам на работа. Запомнете дека не постои начин на кој може да се тестира сето тоа што сте вие и што ве прави такви“ – напишала учителката во писмото.
Еби се расплакала и нејзиното писмо го споделила на Инстаграм и Фејсбук.
„Рајлан денес ми рече дека му е срам што се расплака во училиште. Кога го прашав зошто плачеше, ми рече дека беше среќен поради писмото што му го даде неговата учителка пред тестот. И јас се расплакав по читањето на писмото. Нѝ требаат повеќе вакви учители, но и луѓе како нејзе“ – напишала Еби.Малечкиот Рајлан на својата мајка ѝ признал дека плачел во училиште, а тоа е нешто што ниту еден родител не сака да го слушне.
Детенцето пр

Пронајдете не на следниве мрежи: