Тероризмот и финансиското војување САД ги користат во глобалната војна за поробување, вели професорот Мајкл Чосудовски, канадски аналитичар и експерт за светскиот тероризам во интервју за програмата „Гласот на народот” на ТВ Сонце.„Сакам да бидам јасен и директен: Ал Каеда е создадена во Америка, Исламската држава е создадена во Америка, сите бунтовнички групи во Сомалија, во Нигерија, во Ирак, во Сирија, на Балканот, Косово, Босна… и сите џихадистички движења – сите тие, без исклучок, се создадени од страна на САД и НАТО, а за тоа имаме бројни докази“, вели Чосудовски.
Тој додава дека тие се финансирани преку Саудиска Арабија и Катар, имаат врски со пакистанското воено разузнавање.
„Кога луѓето велат дека сме под закана од Исламската држава (ИД), особено непосредно по трагедијата во Шарли Ебдо, јас велам: кој ја поддржува ИД, кои држави ја спонзорираат ИД? И тоа не е само поддршка, западните разузнавачи се директно вклучени. Тие имаат свои специјални сили внатре во ИД“, вели овој Канаѓанец, кој, меѓу другото е економист и уредник на магазинот Глобал рисирч.
Професорот Чосудовски потсети на неговото интервју од 2001 година, кога Македонија беше нападната од УЧК. Овие терористи, рече тој, беа обучувани од воена фирма од САД, МПРИ и во тој контекст посочи на неговата тогаш штотуку објавена книга „Глобализација на војната, долга војна против човештвото“.
Овој канадски експерт јасено укажува: „Тоа е хегемонистички проект на САД, кој вклучува војни, промена на режими, дестабилизација, па дури и превентивна нуклеарна војна. ’Долгата војна’ е исклучок создаден од Пентагон… Тоа не е само воен проект, туку вклучува и финансиска манипулација која води кон економски колапс на цели држави, масовна невработеност, колапс на светската економија…“, додава канадскиот експерт.
Ова е директно поврзано и со Балканот, оценува Чосудовски.
„Неодамнешните Балкански војни всушност почнаа во 1990-те со банкарските реформи на Мeѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка во Југославија. Тоа беше шок терапија која сосила и беше наметната на југословенската влада. Тоа, пак, создаде санкции, доведе до колапс на федералната структура, осиромашување на народот. Потоа следеа војната во Босна и во Косово, каде што беше употребена Ослободителната армија на Косово, поврзана со структури од организираниот криминал. Војната во Македонија беше продолжување на војната во Косово, при што американските воени лица од МПРИ соработуваа со УЧК… и сето тоа доведе до балканизација на Балканот“, вели Чосудовски.
Запрашан зошто Македонија и Балканот беа цел на нападите, Чосудовски вели дека „Македонија се наоѓа на геополитичка крстосница, Балканот претставува стратешки коридор за комуникација и копнен, речен, гасоводен транспорт, поврзувајќи ги Јадранското и Црното Море со Каспиското Море. Тоа е гасоводна рута кон Блискиот исток и Централна Азија“.
За џихадистичката Исламска држава и тн. „политички ислам“, тој вели дека овие организации „не се создадени одвнатре, од муслиманскиот свет, дури ни од фундаменталистичките кругови, туку од муслиманското разузнавање“.
„Не постои природен анимозитет меѓу муслиманите и христијаните, вистинскиот проблем е тоа што 60 отсто од нафтата и природниот гас се наоѓа во муслиманските земји. Како да ги освоите овие земји? Со демонизирање на муслиманите. Да беше нафтата на територијата на будистите, ќе ги демонизираа будистите“, заклучува професорот Мајкл Чосудовски.„Сакам да бидам јасен и директен: Ал Каеда е создадена во Америка, Исламската држава е создадена во Америка, сите бунтовнички групи во Сомали