УДАРНА ВЕСТ: Убиен е Абделхамид Абауд, главниот организатор на нападите во Париз!

Белгискиот државјанин Абделхамид Абауд, кој се смета за главен организатор на нападите во Париз, убиен е во полициска акција, објави Вашингтон Пост повикувајќи се на веродостојни извори.Абауд бил убиен за време на престрелката со полицијата во парискиот кварт Сен Денис во средата наутро.
Неговата смрт затвора едно поглавје во истрагата за 129-те убиени лица во петокот во Париз, но сепак многу прашања сѐ уште остануваат без одговор. Како го планирал и го организирал нападот, дали Исламската држава планирала дополнителни напади и кои се останатите напаѓачи.
„Абделхамид Абауд штотуку е формално идентификуван после споредбата на отпечатоците на прстите. Убиен е за време на полициската рација. Неговото изрешетано тело е пронајдено во една куќа“, изјави парискиот обвинител во кратката изјава.
Да потсетиме, француската полиција во средата рано наутро изведе операција чија што цел беше апсење на Абделхамид кој беше главен осомничен за организирање на терористичките напади во Париз.
Иако најпрвин се сметаше дека Абауд сега се наоѓа во Сирија, сепак во вторникот дошло до изненадувачки пресврт: сведоштвата на очевидците и материјалите од надзорот на неговиот телефон сугерирале дека Абауд не е во Сирија, туку се крие во стан во парискиот кварт Сен Денис кој е на само неколку минути оддалечен од „Stade de France“. А што е уште полошо, Абауд контролирал уште една терористичка ќелија која што планирала уште еден напад во Париз.

Пронајдете не на следниве мрежи: