Удбашите Перковиќ и Мустач осудени на доживотен затвор за убиството на емигрантот Ѓурековиќ

Бившите припадници на југословенската и хрватската тајна служба, Јосип Перковиќ и Здравко Мустач, вчера во Минхен беа прогласени виновни за учество со предумисла во убиството на хрватскиот емигрант Стјепан Ѓурековиќ и осудени на доживотен затвор. Обвинетите мора да ги преземат и трошоците на постапката, пренесува хрватски „Индекс“. Главниот мотив за убиството на Ѓурековиќ била елиминација на политички противник на режимот, објави судскиот совет на Високиот суд во Минхен образлагајќи ја пресудата за Перковиќ и Мустач карактеризирајќи го тоа убиство како казнено дело од ниски побуди.- Главниот мотив бил да се убие еден сепаратист и критичар на режимот. Тоа обвинетите го знаеле. Ѓурековиќ требало да го замолчат и физички и политички. И со тоа го образложуваме ова убиство од ниски побуди. Да се работеше за убиство на терорист, таква квалификација немаше да има – изјави претседателот на судскиот совет, Манфред Даустер.
Судскиот совет на судот во Минхен се надева дека пресудата за Перковиќ и Мустач ќе иницира процес на соочување со минатото во Хрватска и во земјите создадени по распадот на Југославија рече Даустер образложувајќи ја пресудата.
– До овој процес пред овој суд дојде само затоа што тоа не се случи претходно во Хрватска. Ние не навлегуваме во причините за тоа – посочи тој.
Судот ја образложи пресудата и со фактот дека Перковиќ и Мустач во времето на убиството биле на важни функции во хрватската Служба за државна безбедност (СДС), која ја иницирала и ја спровела ликвидацијата на Ѓурековиќ.
– Здравко Мустач во тоа време, односно во 1983 година, бил шеф на хрватскиот разгранок на СДС, а Перковиќ бил шеф на одделот задолжен за емиграцијата и шеф на шпионот Kрунослав Пратес. Мустач на крајот од 1982 или почетокот на 1983 година го овластил Перковиќ да почне со подготовки за ликвидација на Стјепан Ѓурековиќ – објасни Даустер демантирајќи дека за ликвидацијата на Ѓурековиќ било задолжено сојузното ниво на СДС (попознато како УДБА).
Пратес на истиот суд во 2008 година беше осуден на доживотен затвор поради помагање во убиството.
Обвинителството смета дека на судењето е докажано дека Перковиќ директно учествувал во организацијата на убиството на Ѓурековиќ, кој морал да биде елиминиран како сведок на финансиските малверзации во државната нафтена компанија „Ина“, во кои бил вплеткан синот на тогашниот висок југословенски политичар Мика Шпилјак, Вања. Одбраната во текот на целото судење го побиваше мотивот за убиството и според нив Ѓурековиќ бил убиен зашто како агент на германското разузнавање (БНД) на Германците им откривал чувствителни воени тајни врзани за резервите на нафта на ЈНА, па убиството го извршила југословенската Kонтраразузнавачка служба (KОС) во соработка со УДБА.
Хрватската јавност од почетокот интензивно го следеше ова судење, особено поради околностите под кои Перковиќ и Мустач беа екстрадирани во Германија. Непосредно пред влезот во ЕУ, со што и за Хрватска почна да важи Европскиот налог за апсење, хрватската влада го смени законот со кој го оневозможи испорачувањето осомничени, но истиот закон на крајот на 2013 година беше сменет под притисок на Европската комисија, по што Перковиќ и Мустач беа екстрадирани во првата половина од 2014 година. На почетокот на процесот претставници на сојузното јавно обвинителство најавија можност за поведување нови постапки поврзани со убиства на хрватски емигранти. МОСТ: ЖАЛНО Е ШТО ОВА НЕ Е ОДЛУКА НА ХРВАТСКИ СУД
Хрватската партија Мост вчера ја го поздрави постапувањето на германското правосудство во случајот на Јосип Перковиќ и Здравко Мустач истакнувајќи дека ги осудуваат сите злосторства на тоталитарните режими.
– Не прејудицирајќи ја правосилноста на исходот, сметаме дека е потребно да го истакнеме жалниот факт дека Република Хрватска не увиде дека е неопходно да има волја, ни начин да ги казни злосторствата извршени за време на сите тоталитарни режими, туку во одделни моменти дури и настојуваше да ја саботира истрагата или постапките чија цел беше откривање или казнување на сторителите на сурови злосторства извршени со цел да се одбранат тие диктатури – велат од партијата.- Главниот мотив бил да се убие еден сепаратист и критичар на режимот. Тоа обвинетите го знаеле. Ѓурековиќ требало да го замолчат и физички и полит

Пронајдете не на следниве мрежи: