УЕФА ги одби жалбите на националните сојузи на Србија и Албанија, со што добиените казни остануваат на сила.Србија останува без три бода, мора да плати 100.000 евра казна и два меча ќе игра без присуство на публика. Откако е одбиена жалбата и на ФС на Албанија, поразот со службени 3:0 останува да важи, а исто како и Србите, така и Албанците ќе треба да платат парична казна од 100.000 евра.
Мечот помеѓу Србија и Албанија во Белград е прекинат по нередите кои ескалираа откако дрон со знаме на голема Албанија се појави над стадионот на Партизан.
По ова, навивачите упаднаа на теренот, а играчите се повлекоа во соблекувалните. Репрезентацијата на Албанија одби да го доигра мечот, поради што овој натпревар беше регистриран со службени 3:0 во корист на Србија.Србија останува без три бода, мора да плати 100.000 евра казна и два меча ќе игра без присуство на публика. Откако е одбиена жалбата и на ФС на Алб